Карло Анчелоти оваа недела ја започна авантурата на кормилото на Бразил, веќе ја имаше првата прозивка, а го даде и првото интервју.
„Роналдо е најдобриот Бразилец кој сум го тренирал. Имаше спектакуларна техника, а беше и еден од најсмешните луѓе во светот“ – вели Италијанецот.
„Најголем професионалец беше Кафу. Што се однесува до најсмешниот… Ги има многу. Милитао ме смее многу, Винисиус Жуниор исто така. Вини всушност е многу скромно момче“.
Тој потоа додаде: „Во кариерата имам тренирано 34 Бразилци и мислам дека со ниту еден сум немал проблем. Добро, ајде ќе кажам дека проблем имав само со еден, но нема да ви го откријам името“.
ФОТО: X/Rafael Ribeiro / CBF