вторник, 13 мај 2025

Анчелоти на Перез и Реал Мадрид им предложил четири засилувања

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Карло Анчелоти го советувал Флорентино Перез и Реал Мадрид во кој правец треба да се движат на трансфер пазарот, тренерот предложил четири засилувања.

Објавено на

часот

Сподели

Минатото лето, Реал Мадрид донесе две засилувања, на „Бернабеу“ пристигнаа Килијан Мбапе и младиот Ендрик.

И покрај тоа што „кралевите“ имаа доста проблеми со повредите, не беа активни во зимскиот преоден рок.

Останува да се види како Флорентино Перез ќе пазари летоска, а последните информации велат дека Карло Анчелоти дал совет во кој правец треба да се движат на трансфер пазарот.

Тренерот смета дека се потребни засилувања во одбраната и средниот ред и понудил четири имиња – Вилијам Салиба од Арсенал, Мануел Аканџи од Манчестер Сити, Алексис Мекалистер од Ливерпул и Сандро Тонали од Њукасл.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ