Вчерашниот пораз на „Ел Класико“ ќе ги забрза промените во Реал Мадрид, „кралевите“ практично и да немаат шанси за одбрана на титулата во Ла Лига, па можат да се насочат на новата сезона.
Новинарот Дејвид Орнштајн објави дека Карло Анчелоти ќе го презеде кормилото на Бразил и ова е завршена работа.
Популарниот Дон Карло својата нова авантура ќе ја почне на 26. мај, ден по последниот натпревар на Реал Мадрид во Ла Лига.
Чаби Алонсо ќе биде неговата замена, и се очекува тој веќе на 1. јуни да седне на жешкото столче на „Бернабеу“, и да ја започне авантурата на „Бернабеу“ со три засилувања.
Медиумите шпекулираат со ангажман на Трент Александер Арнолд, како и две имиња кои во моментов не се познати, односно нов лев бек и нов централен дефанзивец.
Низ медиумите кружат многу гласини, а последните велат дека Чаби Алонсо сака со себе во Мадрид да ги понесе Алехандро Грималдо и Џонатан Та.