недела, 15 јуни 2025

Анчелоти ќе биде најплатен селектор во историјата на Бразил, ќе има и огромен бонус

Карло Анчелоти е нов селектор на Бразил, а со работа ќе почне од јуни, кога ќе ја заврши авантурата во Реал Мадрид.

Објавено на

часот

Сподели

Долги беа преговорите меѓу Бразил и Анчелоти, а Италијанецот „избоксува“ убави примања.

Тој покрај тоа што ќе биде прв странец селектор на Бразил, ќе има и најголема плата, годишните приходи ќе му бидат 10 милиони евра.

Ќе добие и пет милиони бонус ако го освои престојното Светско првенство.

Договорот е потпишан на 14 месеци, односно до крајот на Светското првенство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ