понеделник, 9 јуни 2025
Тренерот на Манчестер јунајтед му „удрил клоца“ на напаѓачот

Аморим и на Гарначо му покажал кој е главен: Моли се на Бога да најдеш клуб кој ќе сака да потпише со тебе

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим практично му „удрил клоца“ на Алехандро Гарначо пред целиот тим и му порачал на Аргентинецот дека нема иднина на Олд Трафорд.

Објавено на

часот

Сподели

Алехандро Гарначо беше еден од фудбалерите кои го кренаа гласот по поразот на Манчестер јунајтед од Тотнем во финалето во Лига Европа.

Младиот напаѓач изјави дека сезоната била „срање“ и се пожали на слабата минутажа, односно зошто одиграл само 20 минути во Билбао.

На Рубен Аморим не му се допаднале коментаторите, решил да покаже кој е главен и практично му „удрил клоца“ на Алехандро Гарначо пред целиот тим.

На еден од тренинзите по финалето во ЛЕ, тренерот му порачал на фудбалерот: „Моли се на Бога да најдеш клуб кој ќе сака да потпише со тебе!“.

Со ова, Рубен Аморим ставил јасно до знаење дека нема да смета на Аргентинецот, и тој ќе треба да ја промени средината во летниот преоден рок.

Претходно, тренерот на Манчестер јунајтед постапи слично и со Маркус Рашфорд, кој поради недоволно залагање беше отстранет од тимот и испратен на позајмица во Астон Вила.

ФОТО: X/Manchester United

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ