понеделник, 16 март 2026
Олимписки игри

Американците покажаа сила, убедлива победа над Србија од 110-86

Кошаркаското дерби помеѓу САД и Србија на Олимписките игри во Париз заврши со убедлива победа на Американците, кои покажаа сила и славеа со 110-86.

Објавено на

часот

Сподели

„Дрим тимот“ на САД важи за голем фаворит за златото во Париз и избраниците на Стиф Кер ги оправдаа очекувањата во пресметката против Србија во првото коло.

По одличниот старт на Србија и водството од 10-2, САД веднаш се врати во игра, на крилјата на Кевин Дурент, кој не знаеше да промаши и реализираше 21 поен во првото полувреме, Американците на пауза заминаа со девет разлика (58-49).

Во продолжението од мечот, САД ја покажа својата сила, па предноста само се зголемуваше и на крајот од третиот период изнесуваше +19 (84-65).

Последните десет минути беа само формалност и можност за Американците да ја надминат границата од 100 поени и да триумфираат со убедливи 110-86.

Кевин Дурант беше најефикасен во американската репрезентација со 23 поени од кои 21 постигна во првото полувреме и тоа без промашување. Леброн Џејмс беше одличен, реализира 21 поен со 9 асистенции и 7 скока. Кај Србија, Никола Јокиќ беше прво име со 20 поени, плус 8 асистенции и 5 скока.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ