Како главен фаворит за пехарот е селекцијата на Шпанија, а следуваат Аргентина, Франција, Бразил…
Во врвот нема контроверзен избор, но окото на фановите го привлекоа подолно рангираните репрезентации, голем дел од нив немаат никаква логика.

Пример Австрија е рангирана дури на 29. позиција, а Гана е 26. место. Неодамна Австрија ја победи Гана со 5-1.
Дискутабилно е рангирањето на Холандија пред Англија и Германија. Јужна Кореја пред Јапонија. Египет пред повеќе селекции кои се подобри од нив. Рангот на Турција која има многу добра генерација. Босна и Херцеговина е зад селекции како Нов Зеланд, Јордан…
Фудбалските фанови со исмевање ја прифатија листата, а коментарите се најразлични: „Што повеќе ја гледам листата, толку изгледа полошо“, „Толку е лошо, што не знам од каде да почнам“, „Пишувајте за голф или нешто друго, оставете го фудбалот, тој не е за вас“…






