четврток, 5 март 2026

Алушовски: Одигравме фантастичен меч, верувавме до самиот крај

Ракометарите на Пелистер синоќа направија изненадување откако одиграа 34-34 против силниот тим на ПСЖ, реми кое беше изборено во последната секунда.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се одвиваше натпреварот, речиси и никој не веруваше дека Пелистер може да избегне пораз, но битолчани наспроти сите очекувања дојдоа до забележителен резултат.

„Одигравме феноменален натпревар, можам само да им честитам на моите момци. Покажавме карактер и кога губевме со два гола на минута ипол до крајот, верувавме дека можеме да се вратиме. На почетокот бевме неровзни и правевме грешки, кои според мене не се грешки, туку глупости, но нормално е кога играш против ПСЖ во ваква атмосфера фокусот да не биде тука. Екипата покажа дека расте, почнуваме да веруваме во нашиот систем и благодарност до сите битолчани“, изјави Алушовски.

Ова беше последен натпревар за Пелистер на домашен терен во Лигата на шампионите, а до крајот има уште еден меч, гостување кај Барселона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ