Чаби Алонсо повеќе не е тренер, шпанскиот стратег не издржа ни една цела сезона, Реал Мадрид официјално го соопшти неговото заминување.
„Реал Мадрид соопштува дека со взаемна согласност меѓу клубот и Чаби Алонсо беше одлучено негово време како тренер на првиот тим да заврши“, стои меѓудругото во соопштението на клубот кој му се заблагодарува на него и на стручниот штаб кој исто така заминува.
„АС“ пишува дека наводно Алонсо самиот побарал да замине, но малкумина веруваат во тоа.
За нов тренер е назначен Алваро Арбелоа. Тој беше тренер на младинскиот тим на Реал Мадрид.






