вторник, 13 јануари 2026

Алонсо со кратка порака се збогува од Реал Мадрид

Чаби Алонсо денеска преку социјалните мрежи го кажа своето збогум до Реал Мадрид за периодот во кој работеше во кралскиот клуб.

Објавено на

часот

Сподели

Алонсо требаше да биде долгорочно тренерско решение за Реал Мадрид, но не издржа ниту една сезона.

Не можеше да ја контролира соблекувалната во која има многу его, а не ја доби ниту потребната поддршка од Флорентино Перез кој повеќе беше на страната на фудбалерите. Сето тоа доведе до ран отказ.

Алонсо со кратко соопштение им кажа збогум на Реал, фудбалерите и фановите.

„Ова професионално поглавје заврши и не беше сè како што планиравме. Да го тренираше Реал Мадрид е чест и одговорност. Се заблагодарувам на сите, на фудбалерите и останатите во управата, но и на навивачите. Заминувам со почит, благодарност и гордост“, објави Алонсо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Xabi Alonso (@xabialonso)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ