понеделник, 8 декември 2025

Алонсо му се заблагодари на Пелистер: Постојат моменти кои засекогаш остануваат во срцето…

Утринава осамна информацијата дека Раул Алонсо не е повеќе тренер на Пелистер, прво тоа го соопшти клубот, а сега со емотивно збогување се јави и шпанскиот стратег.

Објавено на

часот

Сподели

Тој потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Германија, а заминувањето е од семејни причини. Сепак Битола ќе му остане вечно во сеќавање.

„Постојат моменти во животот кои засекогаш остануваат во срцето… Денеска морам да соопштам дека прифаќам нов професионален предизвик и си заминувам од Пелистер. Оваа одлука беше тешка за мене, но на крајот е онаа што е вистинска за мене и е базирана на семејни причини“, напиша Алонсо.

Тој во Пелистер дојде минатата година во ноември, а она по кое ќе биде запаметен е шампионската титула освоена во последното коло со победа над Вардар среде Скопје.

„Тоа што го доживеавме заедно беше навистина посебно – шампионската титула, нашето патување во Лигата на шампионите, еуфоријата во салата, вашата поддршка, неверојатните натпревари и моменти! Ви благодарам за секој миг на поддршка. Вие сте неверојатни!“, дополни Алонсо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Raul Alonso (@raulonsos)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ