Според шпанските медиуми, Алонсо одлучи да ја прифати понудата од Реал Мадрид и да стане нов тренер на кралскиот клуб.
Во наредните неколку денови тој ќе се сретне со челниците на Баер Леверкузен и ќе ги информира за својата одлука.
Преговорите со Реал Мадрид се во завршна фаза, речиси сите детали се испеглани и наскоро се очекува да падне и официјален договор.