четврток, 19 март 2026

Алкараз убедливо го победи Ѓоковиќ и закажа ново финале со Синер

Третпат по ред Карлос Алкараз и Јаник Синер ќе играат грен-слем финале откако Шпанецот со 3-0 го совлада Новак Ѓоковиќ, а Италијанецот со 3-1 беше подобар од Оже-Алиасим.

Објавено на

часот

Сподели

Алкараз мечот против Ѓоковиќ го почна со брејк кој го задржа во текот на сетот, го доби со 6-4 и поведе со 1-0.

Српскиот тениски ас најголем отпор пружи во вториот сет кога се играше тајбрејк, но тој го доби Алкараз со 7-4 за 2-0 во сетови.

Шпанецот најдоминантен беше во третиот сет кој го доби со 6-2 за конечна победа од 3-0.

Синер имаше фуриозен старт на мечот со Оже-Алиасим добивајќи го првиот сет со 6-1, Канаѓанецот се крена потоа, го доби вториот сет со 6-3 и израмни на 1-1.

Во третиот сет Синер беше подобар со 6-3, во четвртиот со 6-4, за победа од 3-1 во сетови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ