Двајцата тенисери имаа одличен почеток на натпреварот, а Алкараз успеа да направи брејк во 11. гем и да поведе со 6-5, по што сервираше за освојување на првиот сет (7-5).
Шпанецот го почна одлично и вториот сет, во еден момент поведе со 4-2, но Фоњини се врати, го однесе сетот во тајбрејк, а во него славеше со 7-5 за 1-1 во сетови.
Во третиот сет повторно следеше голема борба меѓу тенисерите, при што беа забележани неколку брејкови на двете страни, но Алкараз направи еден повеќе за да слави со 7-5.
Фоњини се разигра во четвртиот сет, каде што двапати му го одзема сервисот на Алкараз и стигна до 6-2 со што израмни на 2-2 во сетови.
Во петтиот сет беше забележан прекин, откако еден навивач не се чувствуваше добро на трибините, по што Алкараз беше незапирлив на теренот и славеше со 6-1.
Од фаворитите беше елиминиран Медведев кој со 3-1 загуби од Бонзи, настапот го заврши и Руне кој со 3-2 беше поразен од Јари.
Циципас поради повреда го предаде мечот со Ројер во период кога губеше со 2-0 во сетови. Изненадување е и елиминацијата на Беретини кој со 3-2 беше исфрлен од Мајчрзак од Полска.
Утре на терените излегува Ѓоковиќ кој игра против Французинот Милер.
Фото: EPA PHOTO