четврток, 19 март 2026

Алкараз шокираше со нов имиџ на УС Опен, Шпанецот почна со победа

Шпанскиот тениски ас, Карлос Алкараз со убедливи 3-0 (6-4, 7-5, 6-4) го совлада американскиот тенисер Рајли Опелка во првото коло на УС Опен.

Објавено на

часот

Сподели

Но, она за што јавноста зборува е новиот имиџ на Шпанецот кој на терените се појави со избричена глава.

За присутните на трибините тоа беше вистински шок бидејќи на последните тренинзи пред почетокот, Шпанецот беше со старата „нормална“ фризура.

Мечот траеше нешто повеќе од два часа, Алкараз играше толку колку што е потребно за да се пласира понатаму. Во сите три сета освои по еден брејк. Го доби мечот со 6-4, 7-5 и 6-4.

Во второто коло Алкараз ќе игра против Белучи кој беше подобар од Кинезот Шанг во меч во кој Италијанецот водеше со 2-1 кога противникот предаде поради повреда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ