четврток, 19 март 2026

Алкараз мина уште една пречка без загубен сет на УС Опен

Шпанскиот тениски ас, Карлос Алкараз со максимални 3-0 (7-6, 6-3, 6-4) го победи Французинот Артур Риндернех и се пласираше во четвртфиналето на УС Опен.

Објавено на

часот

Сподели

Алкараз ја продолжи победничката серија без загубен сет, Шпанецот денеска имаше мака само на почетокот од дуелот со Риндерех. Во првиот сет Французинот пружи силен отпор, па тајбрејк одлучуваше кој ќе тргне со предност. Во Тајбрејкот Алкараз беше подобар со 7-3 и поведе со 1-0.

Во продолжението од мечот му беше полесно, вториот сет го доби со 6-3, а во третиот беше подобар со 6-4.

Во четвртфиналето Алкараз ќе игра против чешкиот тенисер Лехечка кој со 3-1 во сетови славеше над Манарино.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ