недела, 25 јануари 2026

Алкараз и Зверев сигурно до четвртфинале во Мелбурн

Карлос Алкараз и Александер Зверев без загубен сет се пласираа во четвртфиналето на Австралија Опен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првиот светски рекет Алкараз го доби дуелот со Томи Пол (3-0) по два часа и 38 минути борба. По сетови Шпанецот беше подобар со 7-6 (8-6), 6-4 и 7-5.

Нешто посигурен беше Зверев против Франциско Черундоло (3-0). Германскиот ас побргу го реши својот предизвик, за два часа и 14 минути се пласира понатаму. Зверев го доби првиот сет со 6-2, а вториот и третиот со по 6-4.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ