22-годишниот Шпанец дојде до својот шести грен-слем трофеј во кариерата, а по овој се врати и на првото место на АТП листата по пауза од две години.
Ова беше трето последователно грен слем финале на Алкараз и Синер оваа година и втора победа на Шпанецот откако претходно триумфираше и на Ролан Гарос.
Алкараз моќно го почна мечот и го доби првиот сет со 6-2, но Синер возврати во вториот со 6-3 и го израмни мечот на 1-1.
Сепак, следните два сета му припаднаа на Алкараз со 6-1 и 6-4 за негова нова голема победа.






