петок, 23 јануари 2026

Алкараз без проблем ја мина и третата пречка на Австралија опен

Првиот носител на Австралија опен, Карлос Алкараз лесно во три сета го мина Французинот Корентин Муте и се пласираше во осминафиналето на грен-слем турнирот.

Објавено на

часот

Сподели

Алкараз покажа уште поголема доминација од претходните мечеви, овојпат загуби вкупно седум гема.

Првиот сет го доби со 6-2, во вториот беше подобар со 6-4, а во третиот со 6-1.

Во осминафиналето Алкараз ќе игра против Американецот Томи Пол кој го помина Давидович Фокина кој се предаде по два одиграни сета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ