Шпанскиот тенисер го доби четвртфиналниот дуел против Алекс Де Минер релативно лесно со 3-0 по два часа и 20 минути борба.
Алкараз не дозволи никакво изненадување. Австралиецот му парираше само во првиот сет кој го заврши со 7-5. Сепак, потоа шпанскиот ас лесно го реши предизвикот и со 6-2 и 6-1 стигна до победата.
Со оваа победа Алкараз си закажа дерби во полуфиналето против Александер Зверев.






