недела, 14 декември 2025
Ништо од спектаклот

Алкарас го освои Синсинати, Синер се предаде по 20 минути: Многу ми е лошо, не можам да се движам

Финалето на АТП Мастерсот во Синсинати траеше само 20 минути, Јаник Синер го предаде мечот против Карлос Алкарас поради болест.

Објавено на

часот

Сподели

Љубителите на тенисот вечерва требаше да уживаат во нова спектакуларна пресметка помеѓу Карлос Алкарас и Јаник Синер, но останаа разочарани откако Италијанецот го предаде мечот по само 20 минути.

При водство од 5-0 за Шпанецот во првиот сет, Јаник Синер не можеше да продолжи, а кога физиотерапевтот пријде да му укаже помош, доби само краток одговор: „Жал ми е, не можам. Многу ми е лошо, не можам да се движам“.

Во разговор со Карлос Алкарас, тој додаде: „Излегов на теренот само од почит кон публиката, но не можам да продолжам“.

ФОТО: X/Cincinnati Open

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ