среда, 21 мај 2025

Алкалоид во „Борис Трајковски“ ќе го игра финалето против АЕК

Реваншот од финалната пресметка во Европскиот куп на ЕХФ меѓу Ракометниот клуб Алкалоид и АЕК ќе се одигра во салата „Борис Трајковски“.

Објавено на

часот

Сподели

РК Алкалоид досегашните европски натпревари ги играше во својата сала во Автокоманда, но клубот одлучи финалниот меч да го одигра на терен кој ќе собере многу повеќе публика, во СЦ „Борис Трајковски“.

Тоа ќе биде реванш натпреварот на кој ќе биде одлучен шампионот. Дуелот се игра на 25 мај, со почеток од 20:30 часот.

Првиот дуел меѓу АЕК и Алкалоид се игра седум дена претходно во Атина. Терминот е 18 мај со почеток од 18 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ