сабота, 7 јуни 2025

Алкалоид ќе им ги врати парите на навивачите кои купија билети за финалето

Ракометниот клуб Алкалоид соопшти дека парите на навивачите кои ги платија своите билети, ќе им бидат вратени.

Објавено на

часот

Сподели

Македонските навивачи ја наполнија салата „Борис Трајковски“, но ракомет немаше. АЕК одлучи да не го игра мечот, па фановите си заминаа кон своите домови без да проследат натпревар.

Алкалоид денеска соопшти дека парите за билетите ќе им бидат вратени на навивачите. Оние кои купиле влезница онлајн, автоматски ќе ги добијат парите на својата сметка, тие кои купиле од продажно место, со приложување на фискална сметка ќе може да си ја вратат сумата.

„Почитувана публико,
Уште еднаш ја изразуваме нашата БЛАГОДАРНОСТ што ни дадовте безрезервна поддршка и што во голем број дојдовте во СЦ „Борис Трајковски“ на финалниот меч од Европската лига на ЕХФ. Жалиме што натпреварот не се одигра затоа што гостинскиот состав не сакаше да излезе на теренот и спортски да се бори за пехарот од ова натпреварување.
Вашите билети купени онлајн ќе бидат рефундирани во период од 15 работни дена. Средствата ќе ги добиете директно на вашата сметка преку која сте ги купиле билетите. Билетите што се купени од продажно место ќе можат да бидат рефундирани од местото на купување со приложување на соодветната фискална сметка и на билетот.
Уште еднаш ви се заблагодаруваме за континуираната поддршка и трпение. Се надеваме дека заедно ќе славиме нови успеси во иднина.
Со почит,
Ракометен клуб Алкалоид“, стои во соопштението на РК Алкалоид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ