Вечерва требаше да се слави европски трофеј на Алкалоид, но ракометарите на АЕК не сакаа да истрчаат на теренот затоа што ги немаше нивните навивачи.
„Почитувана публико,
ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ за Вашата поддршка која ни ја дадовте во СЦ Борис Трајковски вечерва. Беше убаво да се видат полни трибини, како во еден глас навиваат за нашиот клуб и даваат поддршка. За жал, не по наша вина, финалниот натпревар со РК АЕК од Атина не се одигра поради тоа што противничкиот тим не сакаше да излезе на терен и да го одигра реваншот.
Нашиот клуб е во константна комуникација со ЕХФ за понатамошниот исход од дуелот и за него ќе бидете известени преку нашите официјални клупски гласила. Уште еднаш, големо БЛАГОДАРИМЕ за сите што дојдовте во сала и му ја дадовте Вашата поддршка на РК Алкалоид!
Со почит,
Ракометен клуб Алкалоид“, стои во соопштението на Алкалоид.