АЕК ја имаше поддршката од публиката која беше жестока, но ракометарите на Алкалоид покажаа дека се поквалитетен тим и сосема заслужено дојдоа до победата.
Првото полувреме почна неизвесно, изедначено, двете екипи се менуваа во водство, АЕК имаше предност од 14-12 кога Алкалоид направи серија од 4-0 и на одморот се замина со 16-14 за македонскиот тим.
Во второто полувреме Алкалоид комплетно го контролираше натпреварот и на крајот дојде до победа од високи 29-25.
Мечот го одбележа и еден инцидент кога Дајман Митев беше погоден со тврд предмет од публиката, но страстите се смирија.
Голманот Иван Галевски имаше свое шоу, одбрани дури пет пенали, вкупно запиша девет интервенции, десет одбрани имаше Марко Кизиќ. Најефикасен во составот на Алкалоид беше Мартин Серафимов со шест голови, пет од пет имаше Франциско Да Силва.
Реванш натпреварот е за седум дена, на 25. мај со почеток од 20:30 часот во салата „Борис Трајковски“.