вторник, 29 јули 2025
Клубот од Автокоманда немаше среќа на денешната ждрепка

Алкалоид го доби најсилниот ривал во квалификациите за Европската лига

Екипата на Алкалоид немаше среќа на денешната ждрепка и го доби бундеслигашот Хановер како противник во квалификациите за Европската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Алкалоид како освојувач на ЕХВ Купот се најде во Европската лига, но место до групната фаза ќе брка преку квалификациите.

Денеска беше извршена ждрепката за второто по квалитет клупско натпреварување, а момците на Кире Лазаров немаа среќа откако за противник го добија бундеслигашот Хановер.

Се работи за тим предводен од поранешниот германски селектор, Кристијан Прокоп и имаше солидна сезона во која заврши на шестата позиција на табелата со 20 победи, 4 реми натпревари и 10 порази.

Двомечот ќе се одигра на 30/31 август, односно 6/7 септември, барем нешто позитивно е што Алкалоид првата средба ќе ја одигра на теренот на противникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ