вторник, 3 јуни 2025

Алкалоид е подготвен да крене европски трофеј и да испише историја

Ракометниот клуб Алкалоид на прес-конференција искажа подготвеност пред неделниот реванш финален натпревар против АЕК од Европската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Тренерот на РК Алкалоид, Кире Лазаров е оптимист, вели дека во Атина остваривме одличен резултат кој треба да го задржиме во Скопје.

„Одигравме еден одличен меч во Атина, можам да кажам дека резултатски за мене и неочекувано. Имаме одличен резултат од плус четири разлика и момците навистина беа на висина на задачата и мислам дека со голема предност влегуваме во реванш натпреварот. Од една страна секогаш сум претпазлив поради нашиот менталитет, но од друга страна чувствувајќи ја атмосферата мислам дека малку порелаксирано да го дочекаме овој натпревар и да уживаме. Како играч имам играно многу финалиња, повеќето ги имам изгубено и тоа искуство ми помага да ја спремам екипата. Ќе се обидеме играчите да бидат релаксирани, неоптеретени, ќе бидеме во карантин, не сакам да бидат под притисок за во недела да го дадат најдоброто од себе“, рече тренерот на РК Алаклоид, Кире Лазаров.

„Мислам дека АЕК не потцени на првиот меч, не мислеа дека тоа ќе им се случи што им се случи и мислам дека потрезвено ќе настапат на реваншот во недела“.

Младиот голман, Никола Галевски беше еден од хероите во Атина со пет одбранети пенали.

„АЕК е искусна и квалитетна екипа со етаблирани играчи во светскиот ракомет. Иако имаме плус четири, нема да ни биде лесно, знаеме каква екипа ни доаѓа во Скопје. Сепак мислам дека ја имаме онаа предност, нашиот осми играч, публиката. Знам дека ако сме добри, ако го спроведеме тоа што ни го кажува Кире ќе се радуваме и ќе го кренеме европскиот трофеј што е огромна работа за нас како клуб кој постои четири години“, изјави Галевски.

Искусниот Никола Маркоски верува дека со добра игра во одбраната ќе извојуваме уште една победа.

„АЕК е една одлична екипа составена од добри резултати иако имаат минус четири ќе направат се за да се покажат во најдобро светло. Наше е да ја играме нашата игра како и на претходните натпревари. Се подготвуваме да ги намалиме нашите технички грешки и со цврста и добра одбрана да извојуваме уште една победа и да стигнеме до овој европски трофеј“, вели Никола Маркоски.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ