Пред стартот на шампионатот традиционално се појавија многу статистики, бројки и интересни податоци поврзани со турнирот.
Според еден од нив, Алкалоид е на врвот на листата според бројот на играчи кои ќе играат на Европското првенство. Скопскиот тим е најброен во конкуренција на сите европски клубови.
Алкалоид има 14 играчи на континенталниот собир (13 се во репрезентацијата на Македонија, а Урош Борзаш ќе игра за Србија).
На второто и третото место се ланските финалисти во Лигата на шампионите Магдебург (13) и Фуксе Берлин (12).
View this post on Instagram






