недела, 13 јули 2025

Алиоски се врати во Европа, потпиша за Лугано (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски ја заврши саудиската авантура и се врати во Лугано, клубот каде ја доживеа вистинската промоција.

Објавено на

часот

Сподели

Швајцарскиот клуб го потврди враќањето на Алиоски кој стави потпис на двегодишен договор со Лугано.

„Лугано со задоволство може да го соопшти враќањето на Езгјан Алиоски. Македонецот стави потпис на двегодишен договор со трајност до 30 јуни 2027 година со опција и за подолг престој“, стои во соопштението на клубот од Швајцарија.

Алиоски претходно дресот на Лугано го носеше од 2015 до 2017 година од каде потоа замина во Лидс.

Алиоски во Ал Ахли не се изнаигра, па овој трансфер веројатно ќе значи и далеку поголема минутажа за македонскиот репрезентативец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ