недела, 25 мај 2025

Алиоски: Ова е најголемиот успех во мојата кариера

Македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски со Ал Ахли ја освои азиската Лига на шампиони, нашиот репрезентативец е многу возбуден поради големиот успех.

Објавено на

часот

Сподели

Алиоски поради ограничениот број за странци не играше во првенството на Саудиска Арабија, но настапуваше во азиската Лига на шампиони.

Тој го одигра целото финале против Кавасаки кое Ал Ахли го доби со 2-0 и го освои големиот пехар.

Во интервју за албанскиот портал „Телеграфи“, Алиоски ги искажа своите емоции.

„Се разбира, ова е најголемиот успех во мојата кариера, трофеј кој ме прави многу горд за напорот и работата која ја дадов во изминатите години. Не знам дали има зборови со кои би можел да го опишам ова искуство и што чувствувам. Искрено, ова е нешто фантастично, магично, спектакуларно! Исклучителен успех, кој ми е уште повкусен знаејќи што ми се случуваше, низ каков период минував. Но, трпението конечно се исплатеше. Не можев да замислам нешто подобро“, рече Алиоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ