Новиот селектор Гоце Седлоски единствено не можеше да смета на Езгјан Алиоски кој поради повреда остана во Лугано.
Алиоски од таму ќе навива за неговите соиграчи од репрезентацијата, а пред мечот испрати емотивна порака до нив.
„Денес носиме повеќе од само дрес! Сè што сме, сè за што сме работеле, се сведува на овие 90 минути. Ми се кине срцето што не можам да бидам таму на теренот со вас. Би дал сè за да се борам покрај вас. Но, ви ветувам: со вас сум во секој чекор, секој дуел, секој шут. Излезете таму и играјте со гордост. Со срце. Со оган. Борете се еден за друг како да е најважната работа во вашите животи. Да постигнеме денес нешто со кое целата наша земја ќе може да се гордее. За нас. За тимот. За Македониј. Дајте сè од себе… и повеќе!“, гласи пораката на популарниот Џани.






