четврток, 29 јануари 2026

Ален Рустемовски е спортист на годината, поделени признанијата на најдобрите

На свечена церемонија во организација на Министерството за спорт беа одредени лауреатите за 2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

Ален Рустемовски е прогласен за спортист на годината по сребрениот медал на Европското првенство до 23 години во Ереван.

Во женска конкуренција признанието го доби Катерина Попева, светска шампионка во фитнес и бодибилдинг.

За најперспективни млади спортисти се избрани боксерот Адријан Рустемовски, освојувач на европска бронза, и Даниела Алексовска, која има злато од Европско и бронза од Светско првенство во ММА.

Женската ракометна репрезентација е најуспешен женски тим, а машката одбојкарска селекција најдобра во машка конкуренција.

Могамед Ибрагимов е тренер на годината, а Џудо федерацијата на Македонија најуспешна федерација. Андреј Стојановски е најуспешен спортист со инвалидитет, откако го освои 6 место на 400 метри мешано на Олимписките игри за глуви лица во Токио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ