понеделник, 22 декември 2025

Ален Ќосевски од Вардар се пресели во Охрид

Утринава ракометниот клуб Вардар објави дека спогодбено го раскинува договорот со десното крило Ален Ќосевски, а сега Охрид го презентира како ново засилување.

Објавено на

часот

Сподели

Ќосевски својата ракометна кариера ќе ја продолжи во Охрид кој од оваа сезона стана еден од најдобрите наши клубови.

„Ален Ќосевски е нов играч на ГРК Охрид!
Ќосевски потпиша на 1.5 сезона со ГРК Охрид, настапува на позицијата десно крило, има 24 години (184цм).
Доаѓа по 6.5 сезони поминати во РК Вардар 1961, има настапи за сите младински категории на Македонската машка ракометна репрезентација, а неговото име е секогаш на поширокиот список на Македонската сениорска репрезентација“, стои во соопштението на ГРК Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ