Утринава таа загуби од Нармин Алијева од Азербејџан откако ја предаде борбата во втората рунда. Алексовска беше поагресивна во претходниот дел од мечот, имаше и повеќе удари, но Алијева успеа со еден зафат да ја легне и нашата натпреварувачка мораше да предаде.
И покрај поразот, Алексовска обезбеди бронзен медал што е уште едно одличје во нејзината колекција откако во февруари годинава триумфираше на Европското првенство.






