недела, 14 декември 2025

Алексовска тргнува по злато за Македонија на СП во мешани боречки вештини

Македонската натпреварувачка во мешани боречки вештини (ММА), Даниела Алексовска ќе биде дел од Светското првенство кое од 27 септември до 2 октомври ќе се одржи во Тбилиси, Грузија, таа ќе настапи во категоријата до 52,2 килограми каде што во моментов е третопласирана на светската ранг листа.

Објавено на

часот

Сподели

Таа местото меѓу најдобрите го заслужи со златниот медал на Европското првенство оваа година, а сега ќе се обиде да направи нов исчекор во кариерата и да стигне до светска титула.

Во групната фаза ќе се сретне со противнички од Украина, Казахстан, Мексико и Азербејџан. За македонската натпреварувачка ова ќе биде втор настап на светски шампионат, откако лани во Узбекистан освои бронза.

Алексовска се наоѓа во одлична форма – пред две недели славеше уште во првата рунда на „Армада 14“ во Скопје. Во Грузија таа ќе настапи заедно со својот тим во кој се претседателот на Македонската ММА федерација, Ивица Алексовски и главниот тренер Стефан Пецевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ