недела, 29 март 2026

Александар Трајковски објави репрезентативна пензија

Еден од најважните фудбалери во поновата историја на македонската репрезентација, Александар Трајковски, донесе тешка одлука и стави крај на својата репрезентативна кариера.

Објавено на

часот

Сподели

Херојот од историската победа над Италија во Палермо реши да се повлече од националниот тим на 33-годишна возраст, по последните случувања во селекцијата и дуелот против Данска. Иако се уште има што да понуди на теренот, искусниот офанзивец одлучи дека е време за ново поглавје.

Трајковски беше дел од репрезентацијата уште од 2011 година и зад себе остава импресивен биланс од 98 настапи и 24 постигнати голови. Неговото име ќе остане запишано во историјата како втор најдобар стрелец на Македонија, но и како човекот кој ја донесе една од најголемите победи во историјата на националниот тим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ