недела, 14 декември 2025
Швеѓанецот со штрајк сака да го изнуди најголемиот трансфер ова лето

Александар Исак е решен никогаш повеќе да не го облече дресот на Њукасл, сака само преселба во Ливерпул

Новинарот Дејвид Орнштајн објави дека Александар Исак е решен никогаш повеќе да не го облече дресот на Њукасл, нема желба повторно да му се приклучи на тимот и целосно е фокусиран на трансфер во Ливерпул.

Објавено на

часот

Сподели

Александар Исак презема драстичен чекор за да напушти Њукасл и да се пресели во Ливерпул.

Како што пренесува новинарот Дејвид Орнштајн, напаѓачот е решен никогаш повеќе да не го облече дресот на популарните „свраки“.

Па дури и Њукасл да одбие да го продаде до крајот на преодниот рок, тој нема желба повторно да му се приклчи на тимот.

Дејвид Орнштајн додава дека Александер Исак уште пред крајот на минатата сезона (на две недели пред крајот) го известил тренерот Еди Хау дека сака да го напушти клубот, истото ова уште еднаш и поодлучно му го порачал по крајот на последното коло.

Напаѓачот бил разочаран што клубот не останал на дадениот збор да му понуди нов побогат договор.

Се верува дека ветувањето го дала поранешната директорка Аманда Ставели, но откако таа го напушти клубот, нејзиниот наследник Пол Мичел сметал дека нема потреба за корекција бидејќи актуелниот договор на Александер Исак веќе бил високо платен.

Ливерпул на почетокот од август достави понуда за ангажман на Александер Исак, на маса стави 110 милиони фунти плус бонуси, предлог кој веднаш беше одбиен.

Њукасл бара околу 150 милиони фунти за продажба, па останува да се види што ќе се случи во следните три недели.

ФОТО: X/Newcastle United

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ