„Росонерите“ полека ги склопуваат коцките за сезоната 2025/26, откако Игли Таре беше именуван за нов спортски директор, падна изборот и за нов тренер.
Голем број на извори пренесуваат дека Макс Алегри се враќа на кормилото на Милан, стратегот прифатил тригодишен договор со плата од 5 милиони евра по сезона, плус додатни 2 милиони евра во бонуси.
Макс Алегри го прифатил предлогот и покрај тоа што Милан ова лето ќе продаде две ѕвезди – Тиџани Рајндерс и Мајк Мењан.
Првиот е пред трансфер во Манчестер Сити во зделка вредна околу 60 милиони, додека за голманот Мајк Мењан во моментов нема активни преговори, но речиси сигурно ќе биде продаден поради тоа што актуелниот договор му завршува во јуни 2026, и нема абер дека двете страни ќе најдат заеднички јазик за нова соработка.