На едно коло пред крајот, Србија остана без никакви шанси за пласман на Светското првенство.
Избраниците на Пауновиќ вечерва загубија на „Вембли“ со 2-0, а Албанија со 0-1 славеше кај Андора, па познат е исходот во Групата К.
Сака и Езе на Англија и донесоа победа од 2-0 за седум од седум во квалификациите и првото место.
Албанија со голот на Аслани стигна до три важни бода за второто место и продолжување на мундијалскиот сон преку баражот.
Франција со 4-0 ја совлада Украина и го завери првото место во Групата Д, додека пак Ирска со 2-0 ја изненади Португалија и ја направи драматична Групата Ф.
Италија со 0-2 славеше кај Молдавја, но за директен пласман на мундијалот им е потребно чудо и победа над Норвешка со најмалку девет гола разлика.
ФОТО: EPA






