понеделник, 8 декември 2025

Албанец гризна Србин на бокс-меч, судијата ја прекина борбата и донесе скандалозна одлука

Во белгискиот град Лувен Ла Нев се одржа боксерски спектакл во кој главен беше дуелот меѓу српскиот претставник Ѓорѓе Стојковиќ и Албанецот што се бореше под белгиско знаме, Меритон Караџа.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Борбата беше предвидено да трае до 12 рунди, но мечот беше прекинат во четвртата рунда по една необична ситуација.

Караџа во текот на еден клинч го гризна Стојковиќ за рамо. Судијата го прекина мечот и сосема неочекувано му ја додели победата на Албанецот со технички нокаут. Таквата одлука предизвика бура од реакции, особено во Србија, каде што беше дочекана со многу критики.

Српската професионална боксерска федерација излезе со соопштение по повод исходот од овој меч и најави жалба.

„Скандал на профи ревија во Белгија!!!
Нашиот Ѓорѓе Стојковиќ од Ниш боксуваше на промоција 12 рунди во белгискиот град Лувен Ла Нев против натурализираниот Белгиец со потекло од Албанија, Меритон Караџа.
На средината на четвртата рунда, Караџа го гризна Стојковиќ, кој од силната болка се фати за рамото.
Судијата во рингот, Мишел Максиута, наместо да го дисквалификува домашниот боксер, ја крена раката на Караџа и го прогласи за победник!
До моментот на прекинот, мечот беше одличен — нашиот Ѓорѓе ја преземаше иницијативата и сигурно ќе оствареше уште една победа на гостински ринг.
Сојузот на професионалниот бокс на Србија утре ќе поднесе официјална жалба до Белгиската боксерска федерација, со барање да се прегледа снимката од мечот и да се промени донесената одлука…“, стои во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ