Мечот меѓу Србија и Албанија има големо спортско значење бидејќи и двете селекции се борат за пласман на Светското првенство, но тој е во центарот на вниманието пред се поради политичката тензија меѓу двете земји.
Натпреварот ќе се игра во Лесковац, а билети во продажба нема туку тие се разделени на разни категории на луѓе.
Албанците ќе пристигнат утре во Ниш од каде ќе се упатат кон хотелот. Освен на тренингот и прес-конференцијата пред мечот нема да смеат да излезат од хотелот и ќе бидат под голем полициски надзор.
Натпреварот се игра во сабота со почеток од 20:45 часот.
Фото: FSHF






