Пред средбата со ривалот од Азија своите очекувања ги сподели кружниот напаѓач Михаил Аларов. Тој не криеше дека македонските ракометари сакаат победа.
„Атмосферата е одлична, успеавме да се одмориме по тешкото патување. Утрово имавме аклиматизација и условите се добри. Подготвени сме за мечот со бахреин. Стручниот штаб има некои одредени тактики кои сака да ги спроведеме денес како за прв натпревар на овој турнир пред ЕП. Нормално, сите ќе дадеме максимум за да излезе добро. Сакаме да победиме прво за нас, за подобрување на атмосферата во тимот“, изјави Аларов.
Средбата во „АКСА Арената“ се игра во терминот од 20:30 часот.






