вторник, 30 декември 2025
Се чекаат резултатите од деталните тестови

Алармите се вклучија во Денвер, Никола Јокиќ се повреди и може да е сериозно (ВИДЕО)

Никола Јокиќ предвреме го заврши гостувањето на Денвер Нагетс кај Мајами Хитс, се стравува дека Србинот заработил потешка повреда на коленото.

Објавено на

часот

Сподели

Денвер утрово беше поразен од Мајами со високи 147-123, но ова е најмалиот проблем на Нагетс во овој момент.

Првата ѕвезда на тимот, Никола Јокиќ предвреме го заврши натпреварот поради повреда, и се стравува дека ситуацијата е посериозна.

Во финишот на втората четвртина, Никола Јокиќ беше нагазнат од својот соиграч Спенсер Џонс, тоа го извади од баланс Србинот и настрада неговото колено.

Никола Јокиќ падна на паркетот држејќи се за коленото на левата нога и јасно беше дека е во болка. Со помош на докторите беше изнесен од теренот, накривуваше на патот кон соблекувалната и повеќе не се врати назад.

Денеска ќе бидат направени детални тестови по што ќе се знае многу повеќе, а доколку настрадале лигаментите, тоа ќе значи пауза од неколку месеци па до крај на сезоната, во зависност од тоа дали се работи за истегнување или кинење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ