понеделник, 16 март 2026

Ако не го победи Сандерленд, Аморим ќе добие отказ од Манчестер Јунајтед?

Угледниот британски весник „Телеграф“ пишува дека Рубен Аморим е блиску до отказ, а денешниот меч против Сандерленд може да му биде последен.

Објавено на

часот

Сподели

Иако јавно Португалецот има поддршка од раководството на клубот, сепак трпението на луѓето во Манчестер Јунајтед е на самиот крај.

„Лошата игра и неуспехот против Брентфорд минатиот викенд ја засилија загриженоста меѓу раководството и недовербата во Аморим е се поизразена. Уште еден неуспех сериозно ќе го тестира трпението кај газдите. Отпуштање на менаџерот по неполна година ќе го чини Јунајтед дури 12 милиони фунти, но сето тоа нема да влијае на евентуалната одлука“, пишува Телеграф.

Иако Сандерленд е една од оние екипи кои оваа сезона влегоа во Премиер лигата, тие заедно со Борнмут се најпријатно изненадување оваа сезона, па на Јунајтед нема да му биде лесно да дојде до победата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ