понеделник, 9 јуни 2025

Ајакс во последните кола си ја уништи сезоната, кулминацијата се случи вчера во 99. минута (ВИДЕО)

Ајакс пред само неколку кола имаше огромна предност пред ПСВ на табелата во холандското фудбалско првенство и никој не ни помислуваше дека можат да го „прокоцкаат“ трофејот, но тоа се случува.

Објавено на

часот

Сподели

ПСВ редеше победи и играше максимално, а Ајакс на последните четири натпревари не успеа да победи. Тимот од Амстердам има два порази и две нерешени.

Вчера се играше претпоследното коло во лигата, сите натпревари се играа во ист термин и се случи вистинска драма.

ПСВ убедливо со 4-1 го победи Хераклес, а Ајакс одигра само 2-2 против Гронинген и тоа примија гол во 99. минута од натпреварот.

Дел од навивачите на ПСВ по крајот на нивниот меч останаа на стадионот и преку мобилните телефони гледаа што се случува на дуелот на Ајакс. Кога нивниот конкурент и ривал прими гол пред самиот крај, настана еуфорија во Ајндховен.

Сега ПСВ е прв со 76 бодови, Ајакс има 75. Во последното коло ПСВ е гостин на Спарта Ротердам, а Ајакс го пречекува Твенте.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ