сабота, 7 јуни 2025

АЕК сака реванш со почитување на процентот за гостински навивачи

АЕК денеска повторно излезе со соопштение, во ова тие бараат нов натпревар против Алкалоид.

Објавено на

часот

Сподели

ЕХФ уште одолговлекува со носење на одлука за исходот од мечот меѓу АЕК и Алкалоид кој не беше одигран затоа што гостите не сакаа да играат.

Од АЕК вината ја префрлаат на Алкалоид кој им даде значително помалку билети од бројката која требаше да ја добијат според процентот кој е впишан во правилата за гостински навивачи.

Алкалоид доби 200 билети, требаше да добие 650. Грците го користат ова за да се жалат и да бараат нов меч, иако уште пред натпреварот се знаеше колку влезници ќе добијат, тогаш немаше никаква реакција од нив, напротив го прифатија предлогот на Алкалоид.

„Се бориме за достоинството на АЕК, за честа на грчкиот ракомет и за принципите на фер-плеј. Не бараме ништо повеќе од еднакви услови за двата тима, како што доликува на едно европско финале. Зошто не се почитуваше правилото 90-10 на ЕХФ? Зошто на нашите навивачи им беа доделени само 200 билети, а салата беше полна со повеќе од 6.000 домашни фанови? Кој ќе ја оправда блокадата на границите за легален влез на грчки граѓани без постоечка забрана за патување?“, прашуваат од АЕК.

Тие сакаат мечот да се одигра според правилата на ЕХФ, да добијат 10 проценти од капацитетот во салата „Борис Трајковски“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ