понеделник, 9 јуни 2025

АЕК ги обвини македонските власти за откажувањето на мечот со Алкалоид

Ракометниот клуб АЕК излезе со соопштение по повод финалниот натпревар во Скопје против Алкалоид кој не сакаа да го одиграат.

Објавено на

часот

Сподели

Навивачите на АЕК не се појавија на трибините во салата „Борис Трајковски“, на граница биле пуштени само 200 навивачи колку што беше договорено. Тие се обиделе да дојдат во поголем број, но биле спречени на граница.

Откако биле спречени да влезат во поголем број, и оние фанови на АЕК кој влегле во Македонија одбиле да влезат во салата, наместо на натпреварот тие се вратиле кон Атина и им се заканиле на нивните ракометари дека не смеат да го играат мечот.

Од АЕК застануваат во одбрана на нивните фанови и вината ја префрлаат на македонските власти велејќи дека не ги пуштиле нивните навивачи да ја поминат границата и затоа не го играле мечот.

„АЕК значи чест, гордост, почит, морални вредности. АЕК значи семејство, АЕК значи ЕДИНСТВО! Најголемата поддршка на АЕК низ времето е нејзината навивачка база. А непочитувањето на тие навивачи е и непочитување кон АЕК.

Вечерва раководството на АЕК, со еден глас, донесе тешка, но неопходна одлука.

Ниту една сила не може да го оштети овој народ, како што се обидоа да направат локалните власти во Скопје, кулминирајќи со тоа што не им дозволија на некои од нашите навивачи да ја поминат границата и да влезат во земјата, иако тоа беше договорено на утринскиот безбедносен состанок.

Сите сме тука, продолжуваме обединети, честа на АЕК не е предмет на преговарање“, стои во соопштението на АЕК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ