понеделник, 9 јуни 2025

АЕК барал одложување на мечот, ЕХФ ќе решава во вторник

Наместо европски спектакл во СЦ „Борис Трајковски“ се случи скандал, ракометарите на АЕК не се појавија на теренот поради нивните навивачи кои исто така не дојдоа во салата.

Објавено на

часот

Сподели

Според коментаторот на грчката национална телевизија, раководството на АЕК бара одложување на мечот поради неприсуство на нивните навивачи во салата, јави дописничката на МИА од Грција.

АЕК требаше да има 200 навивачи, но Грците сакаа да влезат во поголем број. На македонско-грчката граница биле пуштени само толку навивачи на АЕК, а другите биле вратени во Грција.

Во знак на протест, навивачите на АЕК кои допатуваа во Скопје, се вратија назад и не сакаа да бидат дел од натпреварот. Тие им се заканиле на своите ракометари дека не смеат да го играат мечот за нив, што и се случи.

ЕХФ до вторник ќе одлучи дали натпреварот ќе се игра во друг термин или Алкалоид ќе биде прогласен за шампион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ