Интер Мајами утрово стигна до драматична победа во пресметката против мексиканскиот Атлас во првото коло на групната фаза во Лига Купот на Северна и Централна Америка.
Лео Меси не постигна гол, но повторно ја направи разликата со две асистенции.
Домаќините поведоа преку Сеговија во 58. минута, гостите израмнија преку Лозано во 80. минута а потоа во 96. минута и последниот напад на натпреварот, Лео Меси изрежира нова фудбалска уметност.
Аргентинецот ја зеде топката, имаше еден-два проигрување со Луис Суарез и на тацна му даде топка на Вејгант, кој рутински ја затресе празната мрежа за 2-1 и големо славје.
ФОТО: X/Inter Miami CF






