На 22. јуни 2004, на Европското првенство во Португалија се случи една од најочигледните местенки во фудбалот.
Во последното коло од групната фаза, на Шведска и Данска им требаше реми од 2-2 за и двете да одат понатаму, а Италија да ги пакува куферите и да испадне.
Иако натпреварот изгледаше драматично, Скандинавците го постигнаа токму резултатот што им одговараше., Матијас Јонсон погоди во 89. минута за 2-2 и „biscotto“, термин кој Италијанците го користат за „наместена“.
Па многумина сега очекуваат слична ситуација и на новото Светско клупско првенство.
Имено, по синоќешните победи на Интер Мајами и Палмеирас над Порто, односно Ал Ахли, ситуацијата во Групата А е прилично јасна.
Интер Мајами и Палмеирас имаат по четири бода на врвот на табелата, па со реми на меѓусебниот дуел во последното коло ќе стигнат до пет, што ќе значи пласман во осминафинале и елиминација на Порто и Ал Ахли, кои во моментов имаат по еден бод, и максимум можат да дојдат до четири бода.
Останува да се види што навистина ќе се случи, натпреварите се играат на 24. јуни во 3 часот наутро по македонско време.
ФОТО: X/Inter Miami CF